top of page



Младите Кинолози и членови на Кинолошкото друштво Фамилијарис  а со подршка и на Кинолошкиот Сојуз на Македонија добија можност за организација на ревијална изложба која по прв пат се одржа во компексот на Срц Шампион во Радовиш.

Покровител на оваа манифестација беше Општина Радовиш и Градоначалникот г-дин. Сашко Николов, а исто така со поздравно обраќање ја отвори оваа ревијална изложба. Заедно со претседателот на Советот, Никола Миовски добија од организаторот посебно признание за подршка на Кинологијата во Општина Радовиш.Навистина ова беше одлична можност да се присуствува на ваков тип манифестација каде Радовишани имаа можност да ги изложат своите кучиња, а можеа да се стекнат и со официјална оценка  од Кинолошките судии кој се од Македонски состав и едни од најафирманите наши судии.За најдобрите во своите категории беа обезбедени награди и признанија од страна на организаторот “Кинолошкото друштво Фамилијарис” од Радовиш

 

 

Ревијална изложба 2013

bottom of page